Search

Функционирањето на „Црвен крст“ претставено во Општина Кисела Вода

Во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа предавање за функционирањето на „Црвениот крст “.

Долгогодишниот член и волонтер на „Црвен крст” – Скопје Димче Миланов дел од вработените во Општината ги запознаа со целите и активностите на организацијата од нејзиното формирање па се досега.

На предавањето кое беше информативно присутните имаа  можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа, а воедно даваа предлози за подобрување на работењето на организацијата.

Изминатиов период Општина Кисела Вода во соработка со „Црвениот крст” има спроведно повеќе успешни крводарителски акции, кампањи и проекти.

Треба да знаете
Последни објави