Search

Фудбалски судија почина на натпревар во Боливија

Судијата Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25. коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).

 

Според локалните медиуми, трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат.

Потоа, тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат судијата.

Исто така е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата, тој повторно имал срцев удар, што довело до смрт.

Боливискиот претседател Ево Моралес преку Twitter изрази сочувство до роднините и пријателите на арбитерот.

Треба да знаете
Последни објави