Search

Фудбалскиот тим на Карпати пријави 26 инфицирани лица со коронавирусот

Украинскиот фудбалски клуб Карпати од Лвов објави дека има 26 заразени лица во неговите редови со коронавирусот. Инфицирани од коронавирусот се фудбалери и членови на клупскиот персонал.

Според информациите кои ги објавија медиумите во Украина 11 од инфицираните лица се фудбалери, а 15 се од персоналот на клубот.
Сега комплетниот клуб мора да замине 14 дена во карантин, што значи дека сите натпревари на овој тимт се одложени. Доколку ситуацијата се нормализира Карпати првиот нареден меч ќе може да го одиграат на 20 јуни против Маријупољ.
Карапти се наоѓаат на последното место во украинското фудбалско првенство со само 14 бода.

Треба да знаете
Последни објави