Search

Фудбалска магија од 35-годишниот Рибери

Францускиот напаѓач Франк Рибери синоќа покажа дека уште е вистински мајстор и на 35 години, иако во последно време често е оспоруван.

Рибери беше херојот во победата на Баерн на „Алијанц Арена“ во рамките на 16-тото коло од Бундеслигата против РБ Лајпциг.

Баварците го добија мечот со резултат од 1:0, а тој судбоносен погодок го постигна токму Рибери во 83-тата минута и тоа со вистинска фудбалска магија.

Долго траеше таа акција на Баерн околу голот на Лајпциг чии играчи не можеа да ја извадат топката од нивниот шеснаесетник.

Топката во еден момент се одби до Санчез, стигна до Рибери и тука се случи магијата.

Французинот со неверојатен „лажен потег“ се отараси од двајца противнички играчи, а потоа го „измами“ и голманот пред да го постигне сензационалниот гол.

Ова беше прв гол на Рибери во Бундеслигата оваа сезона, иако одигра 12 натпревари.

Другиот гол сезонава го постигна во рамките на Лигата на шамиони.

Треба да знаете
Последни објави