Search

Фудбалерките повторно надиграни од Австрија со 0:3

Најдобрите македонски фудбалерки, по вторпат во квалификациите за Европското првенство се поразени од Австрија со 0:3.

Австријките славеа со истиот резултат кога беа домаќини на 3 септември. Вечерва во Скопје на арената „Тодор Проески” му нанесоа идентичен пораз на тимот на селекторот Кирил Изов.

Головите ги постигнаа Била во 35., Задразил во 45. и Дунст во 78. минута. Дунст даде гол и во септемврискиот меч.

Нашиот национален тим беше ослабен поради отсуството на Наташа Андонова и поразот беше очекуван и реален.

После четири кола, „црвено-жолтите” имаат три бода. Следниот меч фудбалерките го играат на 6 март против Србија на гости.

Треба да знаете
Последни објави