Search

Фудбалерите на Тотенхем ги негираа гласините за незадоволство од работата на Мурињо

Голманот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Уго Лорис и фудбалерот од средниот ред, Сон Хунг Мин, ги демантираа шпекулациите дека играчите не се задоволни од работата на тренерот Жозе Мурињо.

-Имаме одлична атмосфера. Можам да кажам дека сите играчи се подготвени да се борат за новиот тренер и неговиот стручен штаб, изјави Лорис.

Тоа го потврди и Кореецот.

-Сите се среќни. Работата оди добро, додаде Сон.

Тотенхем вчеравечер го победи Норвич и ја прекина серијата од четири натпревари без триумф.

Треба да знаете
Последни објави