Search

Фудбалерите на Рома побараа прошка од навивачите за срамниот пораз во Норвешка

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома и нејзиниот трофеен стратег Жозе Мурињо се посрамотени и понижени на гостувањето кај норвешкиот Бодо Глимт (6:1) во натпреавр од Конференциската лига на УЕФА. Ова за Мурињо е најголемиот и најсрамниот пораз во кариерата. Тренерот на „римската волчица“ пред почетокот на средбата најави дека ќе настапи со резервниот тим и тоа му се удри од глава. Никој не очекуваше ваков дебакл на Рома во Норвешка, а Мурињо остана голем и призна дека поради неговите грешки се нашле во непријатна ситуација.

-Моја е одговорноста. Јас ги избрав овие фудбалери. Да играв со првиот состав, некој можеше да се повреди и потоа ќе примевме четири или пет гола против Наполи. Таа одлука беше грешка. Не го потценив противникот. Знаев дека се силна екипа, вели Мурињо.

Навивачите на Рома беа бесни по поразот и ѕвездите на клубот мораа да им се извинуваат и да бараат прошка, а од трибините пристигна јасна порака и таа е „Разбудете се“.

Треба да знаете
Последни објави