Search

Фудбалерите на Борац штрајкуваат со глад пред општината во Чачак

Дваесет и пет фудбалери на српскиот фудбалски суперлигаш Борац од понеделникот штрајкуваат со глад пред општинската зграда во Чачак поради неподмирени долгови кон клубот. Синдикатот на професионални фудбалери  „Независност“ објави на својот фејсбук дека на еден од фудбалерите кои штрајкуваат  му се влошила здравствената состојба и морала да интервенира брзата помош.

Штрајкот на фудбалерите во Чачак го предводи Мирко Поледица, претседател на Синдикатот на професионалните фудбалери „Независност“ потенцира дека овие млади лица најмалку од сите заслужиле ваков третман во нивниот роден град. Ова е прв штрајк со глад забележан во историјата на фудбалот. Играчите велат дека биле принудени на ваков радикален чекор, бидејќи не наишле на разбирање кај раководството од клубот во чии редови има и функционери од локалната власт.

 

 

Треба да знаете
Последни објави