Search

ФСБ бара продолжување на притворот на украинските морнари

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) побара продолжување на притворот на украинските морнари кои беа уапсени во Керчинскиот Теснец, соопшти денеска еден од адвокатите на морнарите Сергеј Бадамшин.

Претходно и руските истражни органи побараа од судот да го продолжи притворот на морнарите.

– Московскиот суд ќе го разгледа предлогот на 15 јануари, изјави адвокатот Бадамшин.

Три украински брода на 25 ноември минатат година се обидоа да минат низ Керченскиот Тесец, со што, според Русија, ги нарушиле руските територијални води, па затоа руските сили ги запленија бродовите и ги приведоа 24 членови на нивните екипажи.

Украина, од своја страна, негира дека ги бродовите ги влегле во руски територијални води.

По лишувањето од слобода на украинските морнари им беше изречена мерка притвор, која истекува на 25 јануари. Притоа, ним им се заканува обвинение за илегален премин на руската граница, за што според законите на Русија, се предвидува казна затвор до шест години.

Треба да знаете
Последни објави