Search

Фругалската четворка против француско-германскиот план за помош

По предлогот на Европска комисија за 750 милијарди евра помош за земјите најпогодени од пандемијата со Ковид-19, дел од земјите-членки на Европска Унија не се согласуваат за начинот на финансирање на планот односно како да се подигне кредит и како истиот да се враќа.

Против планот на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Мануел Макрон е Фругалската четворка – Австрија, Шведска, Данска и Холандија.

Тие предлагаат од еден до три билииони евра, додека Меркел и Макрон сакаат фондот за обнова да биде 500 милијарди евра. Исто така сите земји-членки на Унијата не се согласни за тоа на што треба да се потрошат парите.

Фругалската четворка претходно најави контра предлог, поддржувајќи ја идејата за здружување на долгот.

На некои земји-членки на ЕУ тешко им е да го прифатат долгот, додека другите оценуваат дека тоа е неизбежно.

Шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон изјави дека ЕУ има улога во обнова на економијата и оти фондот за санација мора да биде „реален кога станува збор за големината, времето, но и под кои услови ќе се одобруваат средствата”.

Треба да знаете
Последни објави