Search

Фронт 21/42: Каква игра игра власта со новиот Закон за управување со Охридскиот регион?

Соопштение за јавноста од Фронт 21/42

„Нешто е труло во државата Северна Македонија.
Како се приближува рокот за исполнување на препораките од УНЕСКО, така манипулациите и
игрите на актуелната власт со нашето најголемо природно и културно богатство стануваат се
поочигледни, а нивните одговори се поапсурдни и очигледно невистинити.
Во ова „размислување на глас“ се фокусираме на темата „зошто го релативизираат и
одолговлекуваат донесувањето на новиот Закон за управување со Охридскиот регион“?
Според неодамна објавениот Акцискиот план за спроведување на Планот за управување со
Охридскиот регион (http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3194) донесувањето на Законот за
управување се планира до крајот на 2020 година.
Истиот закон за кој актуелната власт во јули 2019 доби пофалба од УНЕСКО дека го усвоила!
(https://whc.unesco.org/en/decisions/7589/ – tocka 8)
Минатата недела, на брифинг за новинарите на кој Владата го презентира „напредокот во
исполнувањето на препораките од УНЕСКО“ на новинарско прашање зошто е повлечен Законот
за Охридскиот регион, Министерот Адеми (одговорен за УНЕСКО и предводник на делегацијата
во Баку) даде одговор кој нема никаква логика – законот го повлекле „затоа што во меѓувреме
општините донеле одлуки за мораториуми“ (https://www.slobodnaevropa.mk/a/владиниотплан-за-охрид-за-невладините-е-фарса-/30197408.html).
Одговорот на Адеми не само што нема никаква логика (значењето на Законот не е само да
воспостави мораториум, дополнително што истиот е многу поинаку регулиран во Законот
отколку во општинските одлуки ), туку е уште една во низата флагрантни и многу очигледни
невистини на оваа Влада – одлуките за ткн. мораториум општините не ги донесоа „во
меѓувреме, по што Владата решила да го повлече Законот“, туку половина месец откако
Законот веќе беше повлечен од страна на Владата.
Инаку истиот Министер пред цела меѓународна јавност во Баку ги презентираше „сериозните
заложби на оваа Влада за зачувување на УНЕСКО подрачјето“, меѓу останатите и „изработениот
нацрт План за управување и консултациите со јавноста за Извештајот за стратешка оцена кои се
во тек“ (на 03.07.2019) – овие консултации сега, кои всушност започнаа три месеци подоцна, на
02.10.2019.
https://whc.unesco.org/en/sessions/43com/records/?day=2019-07-03#tPv0CjHGPcgA0 – на 29:40.
Да појасниме зошто прво усвојувањето на Законот, а потоа на Планот прави огромна разлика во
реалниот живот:
1. Стариот закон нема одредби кои упатуваат на прекршоци од областа на градењето
и урбанизмот, така што се додека е на сила стариот Закон нема правен механизам
да се спречат и/или казнат прекршувањата на одлуките за мораториум, и/или на
пример градење во строго заштитената зона.
Во стариот нема ниту надлежен орган кој има законска ингеренција да врши
инспекциски надзор на спроведувањето на мораториумот – во новиот Закон ова е
јасно дефинирано.
Не веруваме дека е случајно што во одлуките за „мораториум“ на двете општини е
избегнат токму овој елемент – што ако не се спроведува и кој врши надзор (и
казнување) за неспроведувањето.
2. Во новиот Закон за Охридскиот регион членот кој го уредува мораториумот
навистина ја спроведува препораката на УНЕСКО – се однесува на сите урбани и
крајбрежни трансформации, вклучувајќи ги и оние за кои се издадени решенија за
градби и усвоени планови.
Во одлуките на општините ткн. мораториум не се однесува на ваквите проекти и
планови, како ни на серија други зафати (катни гаражи, паркиралишта, споменици,
плоштади, итн.). „Мораториумот“ на општините не споменува ни можни
трансформации „на мала врата“ и без учество на јавноста, како оние усвоени со
Општ акт (урбанизација на Елшани).
3. Новиот Закон за Охридскиот регион не само што ја дефинира содржината на Планот
за управување, туку и начинот на неговото донесување, како и Совет кој ќе се грижи
дека планот се почитува, односно ќе управува со регионот.
Според новиот Закон треба прво да се формира Советот, а потоа да се пристапи кон
изработка на Планот. Во изработката и донесувањето на Планот, според новиот
Закон, Советот (под претпоставка дека ќе биде составен од стручни лица) има клучна
улога, исто и во неговото спроведување и мониторинг; јасно се дефинирани
одредбите за транспарентност и отчетност во работењето на нејзините членови,
како и губењето на статусот и исклучување на член на Советот. Новиот закон
дефинира изготвување на годишен извештај за спроведување на Планот со учество
на јавноста.
Во отсуство на претходно формиран Совет, јасно дефиниран во закон, Планот за управување не
е ништо повеќе од „листа на желби“ без никаква употребна вредност – кој ќе го спроведува, по
кои правила, за што и како ќе одговара ако не се спроведува, (итн.)?
Со други зборови, власта си дава една година вакум во кој (ко за пред УНЕСКО и сите гледачи на
вести по дома) ќе има План за управување, одлуки за мораториум, регистар на дивоградби, итн.
а во реалноста ќе се продолжи со реализација на се што е испланирано, договорено, ветено…
Ем волкот сит, ем овците на број.
Само што природата, автентичноста на пределот и културното наследство, вистинските
ИСКЛУЧИТЕЛНИ УНИВЕРЗАЛНИ ВРЕДНОСТИ кои ги нема ниту едно друго место на планетава не
се апстрактни концепти чија состојба ќе се подобри благодарение на кулата од карти која ја
гради актуелната власт. Без разлика колку успешно ќе успеат да ја прикажат како цврста градба.
Да не дозволиме да ни го уништат и нам и на нашите деца и внуци највредното!
Започнуваме со објавување на нашите барања и коментари кон Планот за управување со
Охридскиот регион:
Барање бр. 1: Бараме Владата под итно да пристапи кон финализирање на Законот за
управување со Охридскиот регион (да ги исклучи спорните одредби) и да го испрати на
усвојување до Собранието, односно доследно да го почитува законски регулираниот начин
на носење правни прописи! Дури по усвојување на Законот да ја започне постапката за носење
на Планот.
Барање бр. 2: Пред сето ова, општина Охрид и Струга да ги ревидираат своите одлуки за т.н.
мораториум и вистински да воведат мораториум на сите урбани и крајбрежни
трансформации, а општина Дебарца конечно да донесе ваква одлука.
Апелираме до сите граѓани кои сакаат да го зачуваат единственото УНЕСКО подрачје во земјава
– ИСПРАТЕТЕ ГИ ОВИЕ БАРАЊА/КОМЕНТАРИ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
(ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ИЛИ ПОШТА). КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВАКВИ БАРАЊА ИМ СТИГНАТ – ТОЛКУ ПОТЕШКО
ЌЕ ИМ БИДЕ ДА ГИ ИГНОРИРААТ ИЛИ ОДБИЈАТ.
Ние ќе продолжиме со јавната анализа на Планот за управување и објавување на нашите
коментари. Следете не.
П.С.
Додека го пишувавме овој текст се појави нова верзија на „мораториумот“ во општина Охрид –
сега не важи ни за „отпочнатите постапки за отуѓување на градежно земјиште“. Одлуката е
донесена на 26.09.2019, а Службениот гласник со истата е објавен на интернет на 07.10.2019.
Отуѓување на градежно земјиште значи дека општината дава нејзино градежно земјиште на
некој (инвеститор) да гради наместо неа за одреден финансиски надомест, со други зборови
еден чекор кон ново градење.
Во истиот Службен гласник може да видите и дека општината одобрила нови градби и поголема
катност – ова е јасно прекршување на препораката за мораториум од УНЕСКО, но сосема во
согласност со одлуката за „мораториум“ на Општина Охрид.
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sluzben_glasnik_2019_11.pdf

Треба да знаете
Последни објави