Search

Фрлена бомба во ресторан во центарот на Белград

Во ресторан во центарот на Белград ноќеска околу 2 часот е фрлена рачна бомба, објавија српските медиуми. Непознат маж ја активирал и ја фрлил во угостителски објект во Добрачинова улица каде експлодирала. Повредени лица нема, направена е значителна материјална штета на локалот кој во моментот не работел, а полицијата е излезена на лице место и врши увид.

Оштетувања има и на возила кои биле паркирани пред објектот. На самото место излегла и противпожарна екипа за да го локализира пожарот која настанал по експлозијата.

Се работи на откривање на идентитетот на бомбашот и мотивот за нападот кој ги вознемири белграѓани.

Треба да знаете
Последни објави