Search

Фрлена бомба во гаража на кичевски обвинител, му изгорел автомобилот

Вчера  околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.

Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител.

Пред повеќе од еден месец,  гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството  врши проверка и на видео записите од  камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Треба да знаете
Последни објави