Search

Френк Лампард се договори со Челзи, се чека само потврда од клубот

Цел еден месец траат преговорите помеѓу Челзи и Френк Лампард за преземање на тренерската позиција на „сините“ од Лондон. Англичанецот во моментов е тренер на Дерби Каунти, но клубот му даде слобода да преговара и ќе биде ослободен од должностите доколку најде заеднички јазик со раководството на Челзи.

 

Според медиумите од Островот, Лампард веќе ги договорил личните услови и се очекува да биде претставен како нов тренер на Челзи до крајот на оваа недела.

Дерби Каунти му излезе во пресрет на Лампард и го ослободи од претсезонските обврски за да може активно да преговара со Челзи. Ако падне договор, Челзи ќе му плати на Дерби Каунти 5 милиони евра отштета за раскинување на договорот со Лампард.

Некогашната осумка за „сините“ од Лондон одигра 649 натпревари и постигна неверојатни 211 гола за 13 години во клубот, што го рангира на самиот врв на листата на клупски легенди на Челзи. Со лондонскиот клуб освои три титули од Премиер лигата, четири ФА купа, два Лига купа, Лига Европа и секако, легендарната титула од Лигата на шампионите во 2011 година.

Минатата сезона Лампард (41) го предводеше Дерби Каунти до пласман во финалето од плејофот за влез во Премиер лигата, кое го загуби од Астон Вила.

Треба да знаете
Последни објави