Search

Француски функционер обвинет дека шпионирал за Северна Кореја

Висок претставник на францускиот сенат, Беноа Кенеди, обвинет е за предавство бидејќи, како што наведуваат тамошните извори, тој наводно собирал и испраќал информации во Северна Кореја.

Еден ден претходно истражен судија одреди против него да почне истрага поради сомневање дека вршел шпионирање за Северна Кореја, изјави неименуван судски претставник од судот во Париз.

Францускиот претставник во неделата беше уапсен од страна на членовите на силите за внатрешна безбедност, а неговата канцеларија беше пребарана во понеделникот, пишуваат француските медиуми повикувајќи се на високи извори.

Според неименуван официјален претставник, Кенеди бил ослободен од притвор, но е под судска контрола и забрането му е да ја напушта Франција.

Треба да знаете
Последни објави