Search

Француски новинари повредени во напад во Нагорно Гарабах

 Новинари на парискиот дневен весник „Монд” се најдоа на удар на азербејџанските сили во градот Мартуни во Нагорно Карабах, објави на својата Фејсбук страница координаторот на обединетиот ерменски информативен центар, Ованес Мовсисијан.

Според него, двајца новинари биле повредени во нападот, а според првите податоци и двајцата се државјани на Франција.

Повредените се пренесени во градската болница.

Портпаролот на ерменското Министерство за надворешни работи, Ана Нагдалјан изјави дека околу двесте странски новинари од над 50 странски медиуми се акредитирани да известуваат за настаните во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах.

Треба да знаете
Последни објави