Search

Француски градоначалник ќе ги казнува сопствениците на кучиња кои лаат

Градоначалникот на францускиот град Феукиер, Жан-Пјер Естиен, во северниот дел од земјата, издаде забрана за претерано лаење на кучиња, за да се обиде да ја намали бучавата која ја создаваат тие. Од понеделник, сопствениците на кучиња би можеле да бидат казнети со парична казна од 68 евра за континуирано лаење, објави Би-би-си.

Естиен рекол дека забраната е одговор на кучињата кои лаат по цел ден и ноќ и така создаваат неподнослива ситуација во градот.

Неговата одлука е остро критикувана од страна на активистите за права на животните, а градоначалникот рекол дека нема да го казнува секое лаење.

Кучињата кои сепак сакаат повеќе да лаат, мора да бидат внатре во куќата, ако нивното однесување му пречи на одморот или опуштањето на жителите на градот.

Оваа одлука е донесена откако жителите потпишаа петиција против една жена, која имала неколку кучиња, некои од нив биле големи.

„Се обидовме неколкупати да разговараме со неа, но безуспешно. Ја донесов оваа одлука бидејќи не пронајдовме друг излез. Не можев да седам со прекрстени раце“ рекол Естиен.

Треба да знаете
Последни објави