Search

Француските фудбалерки ќе добијат 24 илјади евра доколку победат на ЕП 2022, за мажите премијата ќе изнесува 446 илјади евра за мундијалско злато

Висината на паричните награди во француските машки и женски репрезентации значително варира. „Л’Екип” пишува дека во случај на победа на Евро 2022 година, кое во јули ќе се одржи во Англија, секоја фудбалерка на француската репрезентација ќе добие по 24.000 евра.

Доколку францускиот тим се пласира во четвртфиналето на женското Евро, тогаш секоја од играчите ќе добие по 13.000 евра. Вкупниот награден фонд за женската екипа победничка на еврото е 2,08 милиони евра.

Француската фудбалска федерација во овој случај ја користи истата шема како и кај машките тимови – 30% од вкупните парични награди се префрлаат на играчите.

За споредба, откако францускиот машки тим влезе во 1/8-финалето на ЕП 2020, каде што беше елиминиран од Швајцарија, секој играч на францускиот тим доби по 173.000 евра.

Наградниот фонд за освојување на трофејот на СП 2022 е 12 милиони евра, па во случај на мундијалско злато секој фудбалер ќе добие по 446 илјади евра.

За разлика од Франција, во Шпанија се изедначени економските услови за играчите на женската и машката фудбалска репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави