Search

Француските новинари загрижени за нивната слобода на изразување

Ако во нивните приватни животи новинарите се обични граѓани, нивната професионална активност им обезбедува посебни заштитни мерки, особено за тајноста на нивните извори, е реакцијата на повеќе француски новинари и медиуми, откако портпаролот на владата Сибет Ндиаје го оправда повикувањето на новинарите на разговори со тајните служби. Образложениеето е дека „новинарите имаат иста одговорност пред правдата, како и другите граѓани”, јавува дописникот на МИА.

Само еден ден откако „Монд” откри дека една нивна новинарка е повикана на разговор во контраразузнавачката служба поради објавените статии за аферата Бенала, портпаролот на владата објасни дека новинарката Ариан Шеман е повикана на разговор поради тоа што „имало пријава од лице кое било член на надворешните разузнувачки служби.”

-Таа пријава прифатена од обвинителот доведе до сослушувања, Нормално е госпоѓата Шеман, како правно одговорна, да биде сослушана во овој случај, рече портпаролот.

За повикувањето на другите новинарите за нивната истрага за продажбата на француско оружје на Саудиска Арабија и користењето во Јемен, Сибет Ндије додаде:

-Тоа е нормално во една држава што штити извесен број на податоци кои се потребни за активностите за надворешната одбрана и воените активности .

Портпаролката смета дека потрагата по причините за протекување на информациите била оправдана за да се заштити државата од каква било странска манипулација.

-Денес, тоа е кон новинарите, но утре може да биде во полза на странска сила […] Тоа не влијае на нашето внимание на доверливоста на изворите што е важно право за новинарите, основно право на нивната активност, но сепак, државата е држава и има тајни кои исто така мора да бидат заштитени, рече таа.

Изјавата на Сибет Ндиаје брзо беше преземена од страна на неколку новинари на социјалните мрежи, особено делот дека тие се „одговорни пред правдата како и другите граѓани”. Многумина потсетуваат на тајноста на изворот, новинарите не се исто така правно одговорни како и другите, бидејќи тајноста на изворот е заштитен со Законот за слобода на печатот од 29 јули 1881 година.

Овој француски законот предвидува:-Не може да има повреда директно или индиректно на тајноста на изворот ако јавниот интерес го оправдува тоа и ако предвидените мерки се неопходни и пропорционални за легитимната цел. Оваа повреда во никој случај не може да се состои од обврската новинарот да ги открие неговите извори.

За адвокатот Тевик Бузеунун, нема сомневање: Сибет Ндијае греши. Адвокатот специјализиран за кривичното право и за законот за печатот признава дека во неговиот приватен живот, новинарот е навистина граѓанин како и другите. Но, во контекст на неговата професија, „тој ужива посебна заштита”.

-Новинарот има улога која другите граѓани ја немаат,  да информира, да обезбеди квалитетни информации. За ова, тој мора да има корист од правила кои прават отстапки, како што е правото да не се откриваат неговите извори пред правдата. Да се загрози доверливоста на изворите се загрозува работата на новинарите, нивната способност да се откажат, да се откријат скандали, за да ги принуди моќните да се оправдаат. Затоа Европскиот суд за човекови права ги нарекува новинарите „чувари на демократијата” – вели адвокатот.

Тој е загрижен поради повеќе обиди од страна на владата на Емануел Mакрон за поткопување на заштитата на изворите, повикувајќи се на други тајни како тајната за националната безбедност.

– Се соочуваме со обиди за заплашување на новинари, процедурално заплашување со повиците од страна на тајната служба, но исто така на фронтални застрашувања, со тужби против новинарите. [Зборовите на Сибет Ндијае] испраќаат многу лош сигнал за почитта на новинарите и нивната работа, продолжува тој. Време е да се соземат, бидејќи премногу примери во последно време покажуваат ставање во прашање на слободата на печатот” – вели адвокатот Тевик Бузеунун.

Треба да знаете
Последни објави