Search

Француските научници открија нов вирус што го пренесуваат комарци

Француските научници го идентификуваа новиот вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на коронавирусот, но велат дека не постои опасност дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на онаа предизвикана од коронавирусот .

Вирусот е откриен во болница во близина на Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „вирус кристоли“, според предградието на Париз во кое бил идентификуван, јавува „Франс 24“.

Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за што се е одговорен вирусот, затоа што починатата жена имала неколку основни болести.

Тие посочија дека засега е познат само еден случај и дека доколку во иднина има повеќе од нив, ќе биде можно да се добие појасна претстава за тоа што каква е клиничката слика поврзана со тој вирус.

Новиот вирус припаѓа на еден вид кој најчесто го шират комарци.

Треба да знаете
Последни објави