Search

Француските милијардери во трка кој ќе донира повеќе пари за Нотр Дам

Богатите Французи почнаа трка кој ќе донира повеќе пари за обновата на катедралата Нотр Дам.

Семејството на францускиот милијардер Бернард Арно и неговата компанија за производство на луксузна стока „ЛВМХ“ ќе донира 200 милиони евра за обновата на катедралата.

„Семејството Арно и групацијата ‘ЛВМХ’ сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и да се приклучат во помошта за обнова на оваа извонредна катедрала, која е симбол на Франција, нејзино наследство и симбол на француското единство“, се наведува во соопштението на компанијата.

Претходно францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопруг на холивудската актерка Селма Хаек соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра.

„Татко ми и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам“, соопшти Пино кој е на чело на компанијата „Керинг“, која е сопственик на познати брендови како „Гучи“ и „Сен Лоран“ и претседател на компанија која ја поседува познатата аукциска куќа „Кристис“.

Треба да знаете
Последни објави