Search

Француските власти ја поништија дозволата за лекување Ковид-19 со хидроксихлороин

Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлороин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на Ковид-19.

Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација во понеделникот објави дека привремено ќе паузира со широко анализирање  на анти-маларичниот лек од безбедносни причини.

Британското медицинско списание „Лансет” објави дека пациентите кои примале хидроксихлорохин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против Ковид-19.

Тој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави