Search

Францускиот ресторан „Миразур“ прогласен за најдобар во светот

Светските готвачи во Сингапур во вторникот одлучуваа кој е најдобриот ресторан во светот, а оваа година престижната титула ја понесе ресторан од францускиот Ментон според изборот The World’s 50 Best Restaurants.

Наградата постои веќе 18 години, и ова е прв пат француски ресторан да го освои првото место. „Миразур“ го води шефот Мауро Колагреко.

https://www.instagram.com/p/BwmiHFyleea/?utm_source=ig_web_copy_link

Оваа година ресторанот доби три Мишелин ѕвезди и почна реновирањето на објектот, кое вклучува изградба на нова трпезарија, продолжување на градините со зеленчук.

https://www.instagram.com/p/By_eUlJCIRf/?utm_source=ig_web_copy_link

Топ јадења што се служат во ресторанот се цвекло со солена коричка и крем од кавијар, јајца од кокошарникот со чадена јагула, со лешници, бриош со компири, ровко јајце и бел тартуф.

https://www.instagram.com/p/BviIWp_FK51/?utm_source=ig_web_copy_link

Посебна делиција на ресторанот е лебот во кој ставаат ѓумбир, а го послужуваат со песна од Пабло Неруда.

Треба да знаете
Последни објави