Search

Францускиот премиер во одбрана на новиот министер за внатрешни работи, кој е обвинет за силување

Новиот премиер на Франција, Жан Кастекс, му се придружи на претседателот Емануел Макрон во поддршката на новиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој е обвинет за силување, пренесува „Спутник“.

„Тој, како и сите други, има право на презумпција на невиност“, рече Кастекс за телевизијата БФМ-ТВ.

Дарманин, кој беше назначен на функцијата во понеделникот како дел од реконструкцијата на владата, беше обвинет за силување на Софи Патерсон-Спац во 2009 година, додека беше локален советник во северна Франција.

Жената тврди дека Дарманин ја принудил на секс откако го замолила за правна помош за преиначување на условната казна затвор за уцени и закани против нејзиното поранешно момче. Дарманин тврди дека станувало збор за однос со согласност и ја тужеше жената за клевета.

Прелиминарната истрага почна во 2017 година кога Патерсон-Спац излезе со тврдењата, но беше отфрлена неколку месеци подоцна, откако обвинителите рекоа дека не можат да утврдат „отсуство на согласност“. Апелациониот суд во Париз минатиот месец пресуди дека истрагата може повторно да се отвори.

Назначувањето на Дарманин предизвика протести од активистите против сексуалното насилство и критичарите на владата и покрај фактот дека Дарманин сè уште не се соочил со никакви обвиненија.

„Тоа е шлаканица в лице.  Уште еднаш славиме луѓе кои се обвинети за силување или кажуваат работи што го негираат гласот на жртвите. Тоа ги задушува жртвите и ги храни сексуалното насилство и културата на силување “, рече Полин Барон од феминистичката група „НосТут“.

Во вторникот, околу дваесетина феминистички демонстранти се собраа пред Министерството за внатрешни работи, извикувајќи „Дарманин, насилник“ и „Дарманин, оставка“. Претседателот Емануел Макрон го бранеше Дарманин, велејќи дека отворената истрага не е пречка за негово назначување.

Треба да знаете
Последни објави