Search

Францускиот амбасадор во Иран повикан на разговор поради навреда на пророкот Мухамед

Иранското Министерство за надворешни работи го повика на разговор францускиот вршител на должноста за наводна навреда на пророкот Мухамед.

Иранската државна телевизија ИРИБ пренесе дека службеник на Министерството за време на состанокот во понеделникот му рекол на францускиот дипломат дека Иран силно ја отфрла секоја навреда и непочитување на исламскиот пророк и чистите вредности на исламот изречена од која било личност, без оглед на позицијата, пренесува „Ројтерс“.

Овој потег на Иран е реакција на коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кои се сметаат за критички настроени кон исламот.

На почетокот на овој месец, Макрон му оддаде почит на наставникот по историја, кој беше обезглавен од исламски екстремист во знак на одмазда затоа што користел цртежи што го прикажувале пророкот Мухамед на час за слобода на изразување.

Треба да знаете
Последни објави