Search

Француската левица бара да се изгласа недоверба на Владата

Партиите од француската левица бараат да се изгласа недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон во време кога во земјата не стивнуваат протестите.

Агенцијата АП пренесува дека левичарските партии оставајќи ги настрана своите разлики ветуваат дека ќе поднесат барање до Долниот дом на француското Собрание во понеделник.

Агенцијата наведува дека доколку барањето биде усвоено, Собранието гласа за недоверба на Владата во рок од 48 часа од моментот на поднесување на барањето.

Француската левица нема доволно гласови за нејзиното барање да биде усвоено, но затоа се обидува да добие поддршка и од други опозициски партии.

Овој потег доѓа во време на силно слабеење на позициите на Макрон и неговата влада, во тек на жестоките протести на жолтите елеци кои веќе три недели траат во Франција.

Треба да знаете
Последни објави