Search

Француската десница смета дека во Европскиот суд за човекови права се „инфилтрирани” невладините организации на Сорос

Европратеникот и член на дирекцијата на Националниот Собир – РН (поранешен Национален Фронт) Никола Беј, посакува Франција да го напушти Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), сомневајќи се дека истиот се „инфилтрирани” невладините организации на милијардерот филантроп Џорџ Сорос, јави дописникот на МИА.

Европратеникот од крајната десница се повика на извештајот на адвокат, цитиран од неделникот „Валер Актуел” (близок до крајната десница) според кој 22 од 100 судии што работеле во ЕСЧП,  биле „директно поврзани” со невладините организации на филантропот, кои го „инфилтрирале” ова тело. Во соопштението за печатот, Беј го осудува „флагрантниот судир на интереси”.

-Водена од Џорџ Сорос и неговата агенда насочена кон наметнување „отворено општество “, ЕСЧП стана олицетворение на владеењето на судиите против волјата на народот. Во светлината на овие огромни откритија, потребно е повеќе од кога и да било да се излезе, тврди  Беј, кој е потпретседател на групата идентитет и демократија (ИД) во Европскиот парламент, во која се наоѓаат неколку екстремно десничарски партии како француската РН, италијанската лига или германската АфД.

На својот твитер профил, претседателката на РН Марин Ле Пен смета дека „соочени со овие многу сериозни откритија, Емануел Макрон повеќе не може да молчи”.

-Касациониот суд (Врховниот суд) и Советот на државата мора веднаш да престанат да ги земат во предвид мислењата на ЕСЧП. Една слободна држава мора да дејствува против овие недемократски манипулации . Можеби би можеле да поднесеме жалба во ЕСЧП против него, за да ги осудиме сите недоследности, изјави за неделникот „Валер Актуел” европратеникот  Жером Ривиер кој советува „да се укине ЕСЧП”.

Ривиер, кој ја предводи делегацијата на РН во рамките на групата ИД, има намера да  му „даде максимален одек на овој случај”. Тој верува дека „многу конзервативни европратеници, како унгарскиот премиер Виктор Орбан,„ можат да се согласат” со нив.

Фидес, партијата на Орбан, е суспендирана уште од март 2019 година од учеството во групата на ЕНП (Народните партии, десница) заради честите критики против Брисел или имиграцијата.

Орбан го обвини Џорџ Сорос, кој стана мета на неколку авторитарни лидери во светот, дека сака да ја „удави” ЕУ под мигрантите.

Сорос ја создаде мрежата Отворено општество  во 1984 година, која е голем донатор на невладините организации кои ги бранат човековите права, особено на мигрантите и бегалците.

Треба да знаете
Последни објави