Search

Француската војска и полицијата сè посилно ја поддржуваат десничарката Марин ле Пен

Студија за изборните тенденции кај француската војска и жандармите откри засилен тренд на зголемување на поддршката за популистичката лидерка Марин ле Пен и нејзиниот Национален собир, пренесува „Ле Фигаро“.

Студијата на Ифоп, спроведена за фондацијата „Жан Жорес“, ги анализирала општините со голем број војници во споредба со просекот на населението и открива дека во некои од нив, како што е Маили-ле-Камп, 50,4 отсто од гласовите отишле на контото на популистичката партија на европските избори годинава.

Во општината Суипе, дом на францускиот 40-ти артилериски полк, на европските избори исто така имало многу помасовно гласање (45,5 отсто) за партијата на Ле Пен од просекот за остатокот од департманот.

Студијата, исто така, ги анализирала локациите со избирачки места во урбаните средини во непосредна близина на жандармериските касарни и повторно откри повисоки проценти на гласовите за Ле Пен и нејзината партија од другите делови од градовите во кои биле лоцирани.

Во Дижон и Тулуз, разликата била 17,4 отсто, додека во јужниот град Хиер, разликата помеѓу жандармериското гласање за Национален собир и просекот на градот изнесувал повеќе од 20 отсто.

Поддршката за Ле Пен кај полицијата е силна со години, а студијата на Ифоп објавена во 2017 година, пред првиот круг од претседателските избори, покажа дека 51 отсто од жандармите најверојатно ќе гласаат за Ле Пен.

Иако голем број од просечните полицајци ја поддржуваат Ле Пен, полицискиот синдикат „Алијанса“ јасно стави до знаење дека не сдале подддршка во мај 2017 година, барајќи од полицајците да не гласаат за популистичката кандидатка.

И покрај повикот, многу полицајци во тоа време рекле дека ќе го игнорираат синдикатот и ќе гласаат за Ле Пен .

„Ако полицајците гласаат за Ле Пен, тоа е главно поради безбедносните политики “, изјави еден полицаец.

Треба да знаете
Последни објави