Search

Француската академија за медицина се залага за задолжително носење маска, дури и „алтернативна”

Француската академија за медицина се залага за задолжително носење маска, дури и „алтернативна”, бидејќи како што оцени, било „утврдено дека луѓето во периодот на инкубација или во состојба на асимптоматско носење го излачуваат вирусот и го одржуваат пренесување на инфекцијата. Во Франција, во овој контекст, општо носењето маска од страна на населението би претставувало логично дополнување на бариерите кои во моментов се на сила “, јави дописникот на МИА.

Како и да е, во ситуација на „недостаток на маски” како што е моментно во Франција, приоритет за распределување на повеќе заштитни хируршки маски или ФФП2 мора да одат кај професионалци и здравствени структури, потенцира Академијата. Но, таа „препорачува носење на маска, позната и како алтернативна маска, да се направи задолжително за потребните излегувања за време на мерките на ограничување”.

-Националната академија за медицина препорачува практичните упатства за производство на ваква маска да бидат широко распространети и да бидат ставени на знаење на населението, Акедимијата притоа упатува  на упатства на  Интернет, како што е она на Француското здружение за наука за стерилизација.

Академијата исто така смета дека за време на идното кревање на ограничувањата за населението, треба да се одржи „задолжителното носење на маските или алтернативните маски од страна на населението”, во контекст на „одржување на мерките за заштита кои во моментов се препорачани за контрола на циркулацијата на вирусот што ќе биде потврдено со отсуство на нови случаи пријавени во период од 14 дена”.

Треба да знаете
Последни објави