Search

Французите се насладуваат на македонските кроасани 4U

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние минатата недела ја посети фабриката „Жито пром“ во Гевгелија која неодамна почна да ги извезува своите кроасани 4U во Франција. Гостинот прошета низ погоните и се запозна со процесот на подготовка на кроасаните кои на крајот и ги дегустираше. Оценувајќи ги како исклучително вкусни, Тимоние, кој доаѓа од земјата во која се измислени кроасаните, беше воодушевен од вкусот на 4U. Амбасадорот беше во „Жито пром“ во рамки на неговата официјална посета на општина Гевгелија.

Освен во Македонија, кроасаните 4U во моментов може да се најдат и на пазарите во Холандија, Германија, Полска, Италија, Грција, Катар, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Бугарија и Романија. Од неодамна се достапни и во Франција, во синџирот Action, кој има околу 500 продажни места.

Го прифативме предизвикот да го ставиме нашиот производ на тест пред францускиот истенчен вкус за кроасани. Нашите кроасани гордо ги декларираме како италијански бидејќи рецептурата е правена според нивни стандарди и насоки, но кога и Французин ќе каже дека му се допаѓа производот тогаш знаеш дека си направил добра работа“,  истакнува Татјана Танева Новаковска од „Жито пром“, додавајќи дека со амбасадорот Тимоние се разговарало за проширување на соработката со Франција на други полиња.

Зборувајќи за производството на 4U, таа посочува дека се користи природен квасец и кроасаните може да се најдат со вкусови на какао, јагода, ванила, кајсија, лешник како и оние со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Додека, најновиот производ се празните кроасани по примерот од Франција.

Треба да знаете
Последни објави