Search

Французин осомничен за убиство поврзан со 40 нерешени случаи

Француските иследници идентификувале околу 40 нерешени случаи на исчезнати лица и други нерешени случаи кое се можеби поврзани со поранешен војник што беше уапсен лани и обвинет за две убиства во југоисточна Франција, пренесува „Локал“.

Нордал Леланди веќе признал дека во април 2017 година убил еден војник што автостопирал и дека киднапирал и убил осумгодишна ученичка во август 2017 година. Тој, исто така, е обвинет за сексуален напад на двајца малолетни братучеди.

По нешто повеќе од една година анализирање на минатот и движењата на Леландис, полицијата вели дека можно е тој да е поврзана со околу 40 нерешени случаи, главно во регионот на Рона-Алпи.

“Во овој момент, Нордал Леланди не е формално и законски вмешан во било кој од овие случаи”, изјави Жан-Филип Лекуф од воената полиција на Националната жандармерија во Париз.

Повеќето од случаите се нерешени исчезнувања, а во помалку од десетина се вклучени малолетни лица, рече Лекуф, кој не ја отфрли можноста дека многу повеќе случаи би можеле да бидат разгледани.

Тој не ги откри конкретните случаи што се разгледуваат, но меѓу нив е можно да е исчезнување на посетител на фестивалот за електронска музика „Елеменс“ во близина на ски-центарот Албервил во 2011 година, објавија француските медиуми.

Уште еден посетител на истиот настан исчезнал една година подоцна, се вели во извештаите.

Треба да знаете
Последни објави