Search

Франција ja продолжи здравствената вонредна состојба до 16 февруари

Наспроти растечкиот бран на епидемијата со Ковид-19, извршната власт подготвува можни ограничувања за Французите до пролетта 2021, јави дописникот на МИА,

Националното собрание, каде што опозицијата ја критикуваше долгорочна употреба на ова „атомско оружје” односно вонредната здравствена состојба, пратениците со 71 глас „за” и 35 „против” при прво читање го усвоија продолжувањето на овој исклучителен режим до 16 февруари 2021 година.

За овој текст презентиран во средата во Советот на министрите и разгледан во Палата-Бурбон, пратениците каде нивното присуство е ограничено на 50 отсто поради епидемијата што се должи на коронавирусот . Предлог-законот ќе биде на менито на Сенатот (горниот дом на парламентот) од среда и треба конечно да биде усвоен на почетокот на ноември.

Оваа сабота  Франција ја надмина границата од над еден милион заболени, само во последните 24 часа беа регистрирани 45.422 нови случаи. Бројот на починати исто така се зголеми, со нови 138 смртни случаи за 24 часа (наспроти 298 лица претходниот ден),.

Стапката на позитивност на тестот продолжува да се зголемува на 16%, наспроти 15,1% претходниот ден, и само 4,5% на почетокот на септември. Министерот за здравство Оливие Веран очекува зголемување на бројот на сериозни случаи и смртни случаи во наредните недели.

Две третини од Французите или 46 милиони, сега се предмет на ноќниот полициски час воведен во 54 департмани  и Полинезија за да се спречи ширењето на вирусот, кој веќе уби повеќе од 34.500 луѓе во земјата.

Треба да знаете
Последни објави