Search

Франција: Eвакуирани околу 900 мигранти кај Ламанш

Француската полиција евакуирала најмалку 900 мигранти од спортска сала и камп во близина на Ламанш поради загриженоста на градските власти за безбедноста и хигиената на градот.

Портпаролот на северниот регион рече дека мигрантите, вклучително и голем број семејства со деца, биле преместени од градот Гранд Синте, пренесува АП.

Локалните медиуми посочуваат дека меѓу мигрантите веројатно има голем број Курди од Ирак.

Судот претходно нареди преместување на мигрантите за да се спречи зголемувањето на насилството и трговијата со луѓе во регионот.

Мигрантите, наводно, биле сместени во привремени засолништа и им било дозволено да се пријават за азил.

Активистите предупредуваат дека евакуацијата нема да ги спречи мигрантите да доаѓаат на северот на Франција, со намера да преминат во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави