Search

Франција ќе ги олеснува рестриктивните мерки во три фази

Франција ќе почне со олеснување на карантинот во три фази, во следните недели, за да се избегне ново ширење на епидемијата, соопшти владата.

Претседателот Емануел Макрон ќе се обрати пред нацијата во вторник во врска со состојбата со пандемијата и може да објави делумно олеснување на ограничувањата, кои се на сила од 30 октомври.

„Емануел Макрон ќе ги претстави изгледите за неколку недели, особено како да ја прилагодиме нашата стратегија. Прашањето е како да се прилагодат мерките за карантин за подобрување на здравствената состојба, но исто така и да се избегне ново избивање на епидемијата“, изјави портпаролот Габриел Атал.

„Ќе има олеснување на мерките во три фази, со оглед на здравствената состојба и ризиците поврзани со некои компании: првата фаза околу 1 декември, потоа пред празниците кон крајот на годината, а потоа и од 1 јануари 2021 година“, додаде Атал.

Макрон рече дека вториот карантин во земјата, кој започна на 30 октомври, ќе трае најмалку четири недели. Ограничувањата вклучуваат затворање продавници кои не продаваат неопходни работи, ресторани и барови.

Со недамнешните податоци кои покажуваат дека Франција е на пат да го запре наглото зголемување на зараза со коронавирус, владата е под притисок на продавниците и компаниите да ги ублажат ограничувањата на време за сезоната на божиќни купувања, што за многу трговци е најважниот дел од годишниот промет.

„Се обврзавме да им дозволиме повторно да се отворат околу 1 декември, доколку се подобри здравствената состојба, што се чини дека се случува“, рече Атал.

Баровите и рестораните, сепак, ќе имаат ограничувања, додаде тој.

Министерката за здравство, Оливија Веран, во четвртокот рече дека Франција ќе ја добие борбата против коронавирусот, но тоа е битка што ќе трае, и предупреди дека затворањето не е завршено.

Треба да знаете
Последни објави