Search

Франција ја освои бронзата на Светското во Кина

Франција успеа да се опорави по полуфиналниот пораз на СП 2019 од Аргентина и да освои втор медал на Мундијалите во својата историја.

Ова се случи по победата од 67:59 над Австралија во спорот за третото место, а Европејците го зедоа бронзениот медал по втор пат по 2014 година.

Де Коло постигна 19 поени за францускиот триумф, Еван Фурние додаде 16, а Винсент Поаер постигна 8 поени и 7 скока.

Џо Ингс со 17 и Пети Милс со 15 беа двајцата најдобри стрелци за Авсралија, кои запишаа најдобар пласман во својата историја, завршувајќи на четвртото место.

Треба да знаете
Последни објави