Search

Франција ја засилува безбедноста на верските објекти

Франција ja зајакнува безбедноста на верските места, откако министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан изјави дека земјата се соочува со „многу висок“ ризик од терористичка закана, во сред растечки геополитички тензии по обезглавувањето на наставникот, кој на час покажа карикатура од пророкот Мухамед.

Француската национална полиција повика на засилена заштита на верските места околу празникот на Сите светци следниот викенд, посебно нагласувајќи на онлајн заканите на екстремистите кон христијаните и умерените француски муслимани, пренесе АП.

Францускиот претседател Емануел Макрон стана мета на исламските демонстранти ширум светот, кои протестираат поради неговите изјави по повод објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед.

Иранскиот весник „Ватан-е емруз“ објави на насловната страница карикатура од Макрон како ѓавол означувајќи го како антиисламист и тврдејќи дека се видени француски екстремисти како го палат Куранот

Треба да знаете
Последни објави