Search

Франција: „Шанел“ шие маски наместо облека

Модниот бренд „Шанел“ објави дека ќе ги користи своите работилници за производство на луксузна облека за производство на заштитни маски за да помогне во борбата на Франција против коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Се работи на прототип на маските, а производството ќе започне кога ќе го одобрат француските власти.

„Шанел“ соопшти дека никој од 8.500 вработени во Франција нема да ги загуби своите работни места и покрај големиот пад на економската активност.

Министерот за здравство на Франција, Оливије Веран, во саботата објави дека владата нарачала повеќе од милијарда маски за лице, претежно од Кина, за да имаат доволно резерви за
следните недели и месеци.

Според него, Франција неделно користи 40 милиони маски, а лекарите, медицинските техничари и полицијата се пожалија на недостиг.

Треба да знаете
Последни објави