Search

Франција се подготвува за рекордни температури во јуни

Франција се подготвува за бран високи температури што се очекува да надминат 40 степени оваа недела, и тоа би бил рекорд за јуни, јавија француски медиуми.
Поради предвидената висока влажност, субјективното чувство за температурите во Париз ќе биде 47 степени, јави Би-Би-Си.

Властите во Париз го активираа „третото ниво” на планот за екстремни температури. Максималното ниво е – четврто – кое никогаш досега не било искористено.
Веќе и денеска температурата би можела да достигне 35 степени, додека температурен максимум се очекува в четврток и в петок.

Поради екстремните горештини, ќе се постават привремени фонтани, резервоари за вода и јавни базени. Температурни рекорди можни се до крајот на јуни во Германија, Швајцарија и Белгија.

Треба да знаете
Последни објави