Search

Франција нуди спонзорства за откупување на роман, заради утврдување на неговиот статус како национално богатство

Француското Министерство за култура испрати повик до компаниите во земјата за спонзорство – да го oткупат познатиот ракопис на романот „120 дена Содома” од писателот Маркиз де Сад, заради утврдување на неговиот статус како национално богатство. Записот вреди 4,55 милиони евра.

Ракописот е во облик на ролна долга 12 метри. Де Сад го напишал еротско-садистичкото дело 1785 година, на 45-годишна возраст, додека бил во затворот во Бастиља поради низа обвиненија.

Министерството за култура, во покана објавена во Службениот весник, бара спонзорство од компаниите за стекнување на тоа „национално богатство”.

Оние компании кои ќе се пријават, ќе добијат намалување на даноците.

Треба да знаете
Последни објави