Search

Франција „не е подготвена” да се соочи со коронавирусот сметаат 73 отсто од Французите

Се повеќе и повеќе Французи сметаат дека Франција не е подготвена да се соочи со коронавирусот (73 отсто) и помалку од половината сега и веруваат на извршната власт во управувањето со кризата, покажа анкетата на „Елабе” објавена денеска, јави дописникот на МИА.

Заврши времето кога Французите имаа силна доверба во нивната влада, како што покажа испитувањето, коментираат локалните медиуми. Загрижени, мнозинството од нив (56 отсто) сега сметаат дека Емануел Макрон лошо управува со ситуацијата, исто како и Едуард Филип и Владата, наспроти 44 отсто од испитаните кои го мислат спротивното. Довербата во извршната власт за борба против епидемијата станува малцинство со само 48 отсто од Ффранцузите кои имаат доверба.

Друга анкета објавена вчера, исто така, покажа остар пад на довербата во владината акција. За 73 отсто од француските испитаници, извршната власт „премногу доцнела” со преземањето неопходни мерки, а само 27 отсто сметаат дека „извршната власт се прилагодила што е можно подобро” за развојот на ситуацијата.

Треба да знаете
Последни објави