Search

Франција и Германија го осудија Иран поради танкерот

Франција и Германија го осудија Иран откако заплени британски танкер во Ормускиот теснец и го повикаа Техеран итно да го ослободи бродот и морнарите.

Француското министерство изрази загриженост поради инцидентот, наведувајќи дека овој чекор ќе наштети на обидите за помирување на тензиите во регионот.

„Најостро ја осудуваме заплената на танкерот и искажуваме целосна солидарност со Обединетото Кралство“, наведува министерството повикувајќи на ослободување на морнарите.

Германија истотака оцени дека потегот на Иран ја влошил и онака напнатата ситуација во областа.

„Бараме од Иран веднаш да ги пушти бродот и неговиот екипаж“, изјави портпаролот на германското министерство.

Се огласија и Индија и Филипините, чиишто државјани се дел од екипажот на запленетиот танкер, барајќи нивно ослободување.

Треба да знаете
Последни објави