Search

Франција исфрла англиски изрази од речникот

Франција најави попис на алтернативни зборови за поими на англиски јазик, како „кликбејт“, „подкаст“ и „дипфејк“, а Одборот за збогатување на францускиот јазик го објави во официјален владин билтен.

Ова тело со години објавува лексички препораки во обид да се бори против „остатокот“ на англиски термини во францускиот јазик.

Меѓу изразите што успеаја да се „одбранат“ од влијанието на англискиот јазик во текот на 2018 година е и „фејк њуз“ или лажна вест, омилен на американскиот претседател Доналд Трамп.

ЦЕЛФ им препорачува на Французите да го користат терминот „погрешна информација“ не лажна или зборот „инфокс“.

„Инфокс“ е нов француски збор, неологизам, составен од два термина – „информации“ и „интоксикација“ . Кратенката е „инфокс“, што би значело „токсични податоци“.

Треба да знаете
Последни објави