Search

Франција го очекува обраќањето на Макрон

Претседателот на Франција, Емануел Макрон утрово во претседателската палата се сретна со локални и национални политичари, лидери на различи синдикати и компании по повод протести низ целата земја.

Емануел Макрон се подготвува и да и се обрати на нацијата вечерва, што ќе биде негово прво јавно појавување во изминатите десет дена, објави АП. Се очекува дека Mакрон ќе објави серија мерки насочени кон намалување на даноците и зголемување на куповната моќ за граѓаните кои веруваат дека ги поддржува богатите луѓе.

Чекорите што ги разгледува владата се укинување на данокот за прекувремени работни саати, даночните намалувања и бонуси за работниците со ниски приходи на крајот од годината.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер, во четвртокот рече дека владата може да одложи некои даноци на приходи, но изрази отпорот кон враќање на даноците за богатите или намалување на даноците за пензионерите, кои се дел од барањата на демонстрантите.

Тој посочи дека мерките треба да се фокусираат на помагање на работничката класа. „Ние сме подготвени да направиме било каков гест што ќе донесе резултати”, изјави Ле Мер за радио РТЛ.

Она што е важно сега е да се стави крај на кризата и да се најде мир и единство во земјата, рече министерот.

Најмалку 71 лице беше повредено во саботните протести во Париз. На последниот протест во главниот град на Франција имаше околу 136 000 луѓе, бројката беше сличнаа како и претходната недела. Речиси 1 000 луѓе се наоѓаат во притвор по протестот во главниот град на Франција.

Треба да знаете
Последни објави