Search

Франција, Германија, Велика Британија и Русија ќе го спасуваат нуклеарниот договор

Високи претставници на Иран, Франција, Германија, Велика Британија, Кина и Русија ќе се состанат на 28 јуни во Виена да разговараат за тоа како да го спасат нуклеарниот договор од 2015 година, соопшти ЕУ.

На состанокот ќе се бара начин за решавање на „предизвиците што произлегуваат од повлекувањето и повторното наметнување на санкциите на САД против Иран”, се вели во соопштението.

Учесниците на состанокот, исто така, ќе разговараат за „неодамнешните изјави на Иран за почитување на нуклеарните обврски”, велат од ЕУ, со оглед на заканите на Техеран да престанат да се придржуваат кон ограничувањата за збогатување на ураниум.

Треба да знаете
Последни објави