Search

Франција во очекување на 19-от протест на „жолтите елеци”

Во Франција денеска треба да се одржи 19-от по ред саботен протест на движењето на „жолтите елеци”.

Одржувањето на денешните протести се поклопува со одбележувањето на годишнината од терористичките напади во Треб и Каркасон, при кои загинаа четири лица, а неколкумина други беа повредени.

По протестите од минатата сабота, што беа одбележани со насилство, денешните собири на „жолтите елеци” се очекуваат во услови на зголемени тензии.

Во пресрет на денешните протести, Префектурата на Париз вчера забрани одржување собири на Шанзелизе и на делови од 100 метри во споредните улици што водат до авенијата, како и на плоштадот кај Триумфалната порта и околу

Елисејската палата и француското Националното собрание.
Протести се забранети и во повеќе други француски градови, меѓу кои и во Тулуз, Бордо, Мец, Ница, Дижон и Рен.

Во обезбедувањето на јавните објекти ќе бидат вклучени и припадници на Армијата на Франција, кои добија право да отворат оган врз демонстрантите, доколку бидат загрозени нивните или животите на лицата кои ги штитат.

Треба да знаете
Последни објави