Search

Франција, Британија и Германија повикуваат на одржување седница на СБ на ОН за Сирија

Франција, Велика Британија и Германија го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации да свика седница по повод турската офанзива во северна Сирија, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи Амели де Моншален.

Таа рече дека трите држави финализираат заедничка изјава со која „силно ја осудуваат” турската офанзива, но дека сè уште не е договорено посебно соопштение на ЕУ, бидејќи некои земји сè уште не се вклучиле.

Треба да знаете
Последни објави