Search

Франкфурт: Откриена бомба од Втората светска војна, стотина лица евакуирани

Околу 600 луѓе денеска биле евакуирани од своите домови во стариот дел на Франкфурт поради отстранување на бомба од Втората светска војна.

Германската новинска агенција ДПА јави дека бомбата е деактивирана под вода што довело до силни детонации и големи фонтани во реките.

Полицијата соопштила дека бомбата повеќе не претставува опасност.

И по 70 години од крајот на војната, бомби и разна муниција сè уште се откриваат низ цела Германија.

Треба да знаете
Последни објави