Search

ФОТО: Џенифер Лопез со необична фризура ужива во када полна со меурчиња

Пејачката Џенифер Лопез важи за една од најзгодните и најзаводливите музички диви од шоу индустрија и фановите ја обожаваат без оглед на сè.

Речиси секоја фотографија што ја објави на социјалните мрежи привлекува големо внимание во јавноста, а овој пат латино – дивата успеа да го привлече вниманието на фановите и медиумите, со фотографии додека лежи во када.

 

 

Овој пат покрај бројните реакции од обожавателите на нејзината фотографија коментираа и многу познати жени кои го пофалија нејзиниот изглед.

Во новата објава, пејачката лежи во када без облека, а поради пената и меурчињата не се гледа нејзиното згодно тело. Со помош на шампонот пејачката направила интересна фризура во форма на „рог“ .

 

„Шизика“, „Откачена и убава“, „По долго време повторно успеа да ме насмееш,  а притоа ме предизвикуваш“, „Зошто се шминкаш додека се бањаш?“, „Каде отиде долгата бујна коса?“, „Убава како и секогаш“, беа само дел од коментарите по објавата.

 

Треба да знаете
Последни објави