Search

(Фото) Јанкулоска со лисици на рацете донесена на судење за „Таргет-Тврдина“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за аферата со прислушувањето, познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“, а како обвинета во случајот дојде и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа со лисици на рацете беше спроведена на судењето од „Идризово“ каде од завчера ја издржува затворската казна за „Тенк“.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани околу 20 сведоци, меѓу кои Мери Јордановска Чанчаревиќ, Игор Ивановски, Гоце Трпковски, Зоре Темелковски, Владимир Пивоваров и други. На претходното рочиште свои искази дадоа повеќе сведоци, меѓу кои политичари и новинари кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на прислушување.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави