Search

(Фото) Што се случило со лицето на Том Круз?! Твитер „гори“ од коментарите на сметка на актерот

Холивудската икона Том Круз со својот син Конор во саботата присутвувал на бејзбол натпревар во паркот Оракл во Сан Франциско. Неговата појава не остана незабележана бидејќи го фотографираа многу обожаватели, но и фотографите.

Том на снимката и фотографиите се смее од уво до уво, но неговите обожаватели забележаа дека тој изгледа поинаку отколку порано.

Корисниците на Твитер непрекинато ги споделуваат неговите најнови фотографии и се прашуваат што се случило со лицето на актерот. Не им е јасно дали Том се здебелил или лицето му е отечено поради некоја причина.

„Том, што направи со твоето прекрасно лице? Толку се разочарав кога те видов на трибините. Престани да ставаш глупости во своето лице, те молам“, „Или направил нешто со лицето или се здебелил“, „Што по ѓаволите се случува со неговото лице? Дали е тоа некоја алергиска реакција?“, се некои од коментарите.

Имаше и такви коишто го бранеле Том во оваа ситуација.

„Не ми се допаѓа Том, но навистина ми е мачно од тоа што на Твитер се исмејуваат луѓе поради нивната промена во тежината. Луѓето можат да се здебелат или да ослабнат и тоа навистина не е ваша работа“, „Тој и понатаму изгледа одлично за своите години“, напишаа луѓето.

Треба да знаете
Последни објави